1 9 333 444 555 666 7 5

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси


Напредно ниво - C1

Печати

 

(деветти и десетти степен)

(ниво C1 според ЗЕЈР)

ЗЕЈР го дефинира нивото С1 како што следи:

Корисникот на јазикот да може да разбере широк опсег на сложени, подолги текстови и да препознаеимплицитно значење. Може да се изрази течно и спонтано без многуочигледно барање на соодветни изрази. Може да го користи јазикотфлексибилно и ефективно за општествени, академски и

професионални цели.Може да оформи јасен, добро структуриран, детален текст на сложени теми,покажувајќи контролирана употреба на организациони модели, конектори икохезивни средства.

Предвидени часови за ова ниво се 112 наставни часа од по 45 минути, или 56 часа од по 90 минути за изучување на материјата и дополнителни 4 часа за утврдување и тестирање. Наставата за секое ниво поединечно (9 и 10 степен) трае по еден академски семестар. За изучување на напредно ниво потребни се два семестари освен ако не се работи за интензивна обука која се изведува со интензивно темпо во зависност од потребата на слушателите.

Содржина

Учебникот се состои од 7 тематски единици од кои првите четири се предвидени во курикулумот за 9 степен а останатите три се опфатени во наставната програма за 10 степен. Секоја тема е поделена на граматички дел, вокабулар, јазични вештини (зборување, читање, слушање и пишување), говорен англиски јазик или употреба на јазикот (функции) и вежби од работната тетратка. Во прилогот содржината на учебникот е разработена во корелација со ЗЕЈР во детали.

Граматика

На ова ниво се утврдува претходното знаење на слушателите во однос на граматичките категории и конструкции и се заокружуваат разликите помеѓу трајни и прости и перфектни форми, активни и пасивни форми. Се усовршува користењето на индиректен говор, и релативните реченици, користењето на фрази, нивно нагласување и начини на избегнување на повторување на истите односно користење на различни начини на изразување. Односно тука се вклучени следниве граматички единици од кои некои се повторуваат, надградуваат а некои се воведуваат како нови граматички единици, како што следи: Discourse markers:linkers, have, pronouns, past: narrative tenses, used to and would, distancing, get, speculations and deduction, adding emphasis: inversion, unreal uses of past tenses, discourse markers:adverbs and adverbial expressions,verb+object+infinitive or gerund, conditional sentences, permission, obligation and necessity, verbs of the senses, gerunds and infinitives, expressing future plans and arrangements, ellipsis and substitution, adding emphasis, cleft sentences, nouns: compound nouns and possessive forms, so and such, comparison.

Вокабулар

Во овој дел слушателите учат да градат зборови од глаголи, да употребуваат сложенки и сложени придавки кои се синоними и антоними и да опишат економски трендови и статистички податоци. Се проширува вокабуларот во однос на идиоми и фразални глаголи. Темите кои се обработуваат на ова ниво се работа, семејство, личности, јазична терминологија, време, минати искуства, технологија, пари, опис на книги, звуци и човечки гласови, историја и социјала, места и преселби, здравство и медицина, патувања и туризам, природен свет, храна и подготовка на храна, хумор.

Говорен јазик

Овој дел го заменува делот за секојдневен англиски во кој слушателите вежбаат и изучуваат фрази на теми како Семејни тајни, време и технологија, жените и парите,факт или фикција, средба со животни, уметност и уметници, храната и готвењето околу светот. Она што изгледа декаго карактеризира ова рамниште е добриот пристап до широк распон на јазикот, штоовозможува течна, спонтана комуникација, како што е илустрирано со следниве примери:може да се изразува течно и спонтано, речиси без никаков напор; добро владее со богат лексичкирепертоар, што му овозможува евентуалните празнини вешто да ги заобиколи со преформулирање;ретко се забележува дека мора да го бара вистинскиот израз или дека мора да се откаже од тоа да гокаже токму она што сака да го каже; само некоја концептуално тешка тема може да биде пречка за  природен, мазен тек на исказот. Вештините на водење дискурс, што се карактеристични запретходниот распон, продолжуваат да бидат очигледни и на рамништето Ц1, со акцент врзпоголемата течност, на пример: може да избере соодветна фраза од течен репертоар на дискурзивнифункции за да направи вовед за своите забелешки со цел да земе збор, или да добие во време и да не го препушти зборот додека размислува; може да оформи јасно, течно, добро структурирано излагање,покажувајќи дека владее со организациски структури, конектори и кохезивни средства.

Читање: Се користат текстови кои честопати се оригинални извадоци од енциклопедии, весници и списанија со цел да се прошири вокабуларот и да се подобри вештината за читање. Од читателот кој прима и обработува пишани текстови може да се бараат на пример активности кои вклучуваат читање заради општа ориентација, за цели на информација, за да ја сфати суштината, за да најде конкретна информација, итн. На ова ниво корисникот на јазикот може да извлече информации, идеи и мислења од високо специјализирани извори во рамките насопственото подрачје.Може да разбере специјалистички статии и надвор од подрачјето на сопствениот интерес акоповремено може да се послужи со речник за да ја потврди својата интерпретација натерминологијата. Може брзо да прелета низ долг и сложен текст, пронаоѓајќи ги информациите што го интересираат.Може доволно брзо да ја идентификува содржината и важноста на новите информации, статии иизвештаи за голем опсег на стручни теми за да одлучи дали вреди подетално да го проучи текстот. Може доста самостојно да чита, приспособувајќи ги начинот и брзината на читање кон текстот ицелта на читањето и селективно користејќи прирачници и помошна литература. Има широкактивен читачки вокабулар, но може да има тешкотии со ретко користените идиоми.

Пишување: Слушателите во активностите на пишана продукција (пишување) оформуваат пишан текст што ќе биде примен од еден или повеќе читатели. Примери на пишани активности за ова ниво вклучуваат пишување на писмо за апликација, пишување на статија, рецензија, пишување на есеј – балансиран и одржан аргумент, извештај, есеј – заземање на страна, пишување на поплака. Корисникот на ова ниво може да напише есеј или извештај во кој развива некоја тема, наведувајќи ги причините за илипротив некој став и објаснувајќи ги предностите и недостатоците на различните решенија.Може да сумира информации и аргументи од разни извори. Секоја целина е посветена на едена тема за пишување за која најпрвин професорот дава модел или начин на разработка на есејот а потоа слушателите следејќи го тој модел пишуваат сопствен есеј.

Слушање: Кај активностите на слушната рецепција (слушањето) корисникот на јазикот како слушател прима и обработува говорна порака произведена од еден или повеќе говорители. Слушањето на ова ниво се посветува на целосно разбирање на текстовите или разговорите кои се слушаат на ЦД и кои вообичаено се поврзани со темите кои во текот на лекциите биле разработени. Корисникот на ова ниво треба да може да го разбере она што е изречено со стандарден говорен јазик, директно или преку медиуми, запознати или непознати теми кои обично се среќаваат во личниот, општествениот, образовниот илипрофесионалниот домен. Врз неговата способност за разбирање може да влијаат само голема бучававо фонот, несоодветна структура на говорот и/или користење на идиоматски изрази .Може, со извесен напор, да сфати голем дел од она за што се зборува во негово присуство, но може даму биде тешко ефективно да учествува во расправа со неколкумина родени говорители кои воопшто не го приспособуваат своето зборување.

Зборување: Во говорната продукција (зборувањето) корисникот на јазикот произведува говорен текст кој го примаат еден или повеќе слушатели. Во ваквите активности слушателите се охрабруваат да го применуваат целото знаење од граматика, вокабулар и другите вештини и преку дискусии на одредени теми, спонтано зборување, играње на улога, зборување со помош на визуелни помагала или слики да го изразуваат своето мислење.  Темите кои се обработуваат на ова ниво се работа, семејство, личности, јазична терминологија, време, минати искуства, технологија, пари, опис на книги, звуци и човечки гласови, историја и социјала, места и преселби, здравство и медицина, патувања и туризам, природен свет, храна и подготовка на храна, хумор. Корисникот на ова ниво треба даможе јасно и детално да опише сложени содржини.Може да изнесе сложен опис или приказна, да поврзе тематски целини, да развие одделни ставови и дазаврши со соодветен заклучок. Може јасно и детално да зборува за сложени теми, да поврзува тематски целини, да развива одделниставови и да заврши со соодветен заклучок. Може течно, речиси без напор, нешто да објави, нагласувајќи го известувањето и интонирајќи го таказа точно да пренесе и пофини нијанси на значењето.

Цел на наставата:

Целта на наставата е слушателите на ова ниво значително да ја подобрат флуентноста, да се здобијат целосно со самодоверба во зборувањето и своето изразување да го подигнат на повисоко ниво со многу побогат речник преку користење на точни граматички конструкции и префинет вокабулар. На крајот на јазичната обука целта е корисникот на јазикот даможе да разбере широк опсег на сложени, подолги текстови и да препознаеимплицитно значење. Може да се изрази течно и спонтано без многуочигледно барање на соодветни изрази. Може да го користи јазикотфлексибилно и ефективно за општествени, академски и професионални цели.Може да оформи јасен, добро структуриран, детален текст на сложени теми,покажувајќи контролирана употреба на организациони модели, конектори икохезивни средства.Поединечните цели се дадени подетално во Прилогот кој следи каде се претставени преку фразата “CAN DO”, која појаснува која цел се постигнува со секој индивидуален час. 

Дополнителни информации:

Слушателите добиваат учебник и работна тетратка а исто така на секој час добиваат и дополнителни наставни материјали кои ги изготвува наставникот при подготовката на секој час посебно. Се користи ЦД на час, во одреден контекст се гледаат видео материјали, се користат и материјали од Интернет и од книгата за наставници. Слушателите изработуваат домашни задачи кои ги проверува наставникот.

По завршувањето на овој степен слушателите добиваат диплома која се издава врз основа на финален тест кој се состои од писмен и устен дел.

 

Joomla Templates. Copyright © 2005 ESP Skopje, All rights reserved. Please send questions and comments to the Webmaster