google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y

За нас

Профил на ЕСП

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО (ЕДБ. MK 4030999358463) е компанија која што успешно опстојува од 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој.  Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар. Во тој контекст, квалитетот на услугите е на прво место, а оттука произлегува и нашата заложба – услуга која во целост одговара на вистинските потреби на клиентите.

Уште од самиот почеток сме свесни дека само преку градење партнерски односи со клиентите може во целост да одговориме на нивните барања, а со самото тоа и ние да растеме и професионално да се надградуваме. Токму затоа и основните елементи на нашата развојна стратегија се задоволство на клиентот и изградба на капацитетите, како и градење апсолутна доверба кај клиентот дека бараната услуга ќе биде испорачана во целост.

Визија

Бескомпромисна потрага по врвен квалитет во давање услуги со што ЕСП ќе израсне во центар на извонредност за обука насочена кон личен и професионален развој кој влева сигурност кај посетителите во успешност на процесот на надградба. ЕСП опстојува на таа визија, и во таа потрага по квалитет добивката е од второстепено значење.

Мисија

Текот на работењето, искуствата и знаењата стекнати во тој процес, овозможија од визијата на ЕСП да се развие мисијата на ЕСП:

Целосна посветеност кон непречен напредок на посетителите во надградба на нивните познавање и полиња на усовршувањекоја е најдобро изразена преку

Нашето мото:  

Развивај го човечкиот потенцијал !

Потврда за квалитет во наставата

Од мај 2006 ЕСП е  целосно акредитирано од MAQS (МАКС) - Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици(Асоцијативна членка на EQUALS – Европска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици.

Од ноември 2014 ЕСП е целосно акредитирано од ЕЦДЛ како акредитиран ТЕСТ центар и центар за обука по ЕЦДЛ компјутерски програми.

Насоченост кон потребите на клиенти

Еден од најважните темели за дизајнирање на обуки се токму утврдените потреби и очекувани исходи на клиентите, врз основа на што изведувачите и посетителите заедно работат на постигнување на договорените цели на најефикасен можен начин.

ЕСП Услуги

Настава по странски јазици; компјутерски курсеви; обукиод областа на личен и професионален развој; како и преведувачки услуги (усни и писмени).

Поврзете се
Facebook
Instagram
LinkeIn

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS