1 9 333 444 555 666 7 5

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси


IELTS

Печати

 

IELTS, односно Меѓународниот систем за тестирање по англиски јазик (International English language testing system), e водечки светски тест за познавање на англискиот јазик, со преку 1,7 милиони полагања минатата година.

IELTS ги оценува сите ваши вештини на англиски јазик — читање, пишување, слушање и зборување, и е осмислен на тој начин

за да покаже како ќе се служите со англискиот јазик за време на студиите, на работното место или во слободното време во вашиот нов живот во странство.

Тестот IELTS е меѓународен тест за познавање на англиски јазик и има важност од две години. Тестот има две варијанти: општа (General Module), што ја полагаат кандидатите за иселеничка виза, и академска (Academic module), за кандидтите за студии во Европа, Северна Америка и Австралија.

Испитот IELTS се состои од четири делови што посебно се полагаат: слушање на говор од касета на дадена тема (Listening) текст на дадена тема со пропратни прашања на кои треба да се даде одговор (Reading), пишување состав на дадена тема (Writing) и разговор (Interniew).

Запишување:

За да се посетува подготовката за полагање на ИЕЛТС слушателите мора да имаат многу солидна основа, и добро да го познаваат англискиот јазик. Тоа се утврдува со тестирање кое го спроведува предавачкиот кадар во ЕСП, и врз основа на тој тест слушателите се квалификуваат за посетување на подготовката.

Програмата се работи по 2 книги:

  • Preparation and Practice - Reading and Writing
  • Preparation and Practice - Listening and Speaking

Исто така се користат и тестови од книгата Cambridge Practice Tests for IELTS, кадешто има 4 теста.IELTS се работи по два модула и тоа ACADEMIC и GENERAL MODULE. За двата модула книгата за подготовка за слушање и зборување е истата, додека за читање и пишување е различна. Доколку се работи со група слушатели кои се подготвуваат за еден ист модул тогаш подготовката е поедноставна, но доколку групата е составена од слушатели кои се подготвуваат и за двата модула, тогаш подготовката треба да се приспособи според слушателите и нивниот индувидуален прогрес.

Joomla Templates. Copyright © 2005 ESP Skopje, All rights reserved. Please send questions and comments to the Webmaster