ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси


Подготовка за ibt TOEFL (Internet Based Test - Test of English as a Foreign Language)

Печати

Темпото за одвивање на наставата е флексибилно и се договара во консултација со слушателите. Во согласност со потребите на слушателите подготовката се врши за интернет полагање на тестот во овластени центри.

Содржина:

Учебното помагало кое се користи во подготовката на слушателите е Ibt  Preparation for the TOEF - Longman во чиј склоп се и компјутерските вежби кои ги вежбаат усвоените вештини презентирани во учебникот и преставуваат

дополнителна вежба и обука за тестот преку компјутерска симулација на тестот. Подготовката се состои од Listening, Speaking, Reading Comprehension  и Writing.

Запишување:

За да се посетува подготовката за полагање на TOEFL слушателите мора да имаат многу солидна основа, и добро да го познаваат англискиот јазик. Тоа се утврдува со тестирање кое го спроведува предавачкиот кадар во ЕСП, и врз основа на тој тест слушателите се квалификуваат за посетување на подготовката.

Process :

Подготовката се започнува со дијагностички тест со цел да се утврдат слабостите кај слушателите, што на професорот кој ја изведува наставата му дава насока за начинот на работа, и правци според кои треба да се изведува наставата. Дијагностичкиот тест се изведува  писмено на првиот наставен час. Во текот на подготовката се работи на сите горенаведени делови од испитот, во време и начин кој одговара на утврдените слабости и потреби кај слушателите. Во текот на наставата се вршат тестови за утврдување на постигнатиот напредок, кои даваат дополнителни насоки за фокусот на наставата, и на крај се спроведува симулација на тестот, во која слушателите целосно можат да оформат слика за тоа што можат да очекуваат на тестот, и кои се нивните можности. Сите тестови за утврдување на постигнатиот напредок како и самата симулација на тестот се врши на компјутер во специјализираната компјутерска лабараторија во нашите простории.

Listening:

Слушањето е поделено на три дела во кои слушателите слушаат најпрвин кратки разговори, потоа подолги разговори и на крај говори или предавања. Веднаш по слушањето на разговорите им се поставуваат прашања со повеќе-кратни одговори од кои слушателите треба да го изберат точниот одговор. Сите прашања во овој дел се од типот на три или четири понудени одговори од кои доколку не е поинаку нагласено има само еден точен одговор.

Speaking:

Во овој дел се оценуваат говорните способности на кандидатот и претставува нов дел кој во претходните типови на TOEFL не постоеше. Се состои од два дела, од кои во првиот дел од кандидатот се бара да ги комбинира вештините на слушање и читање за потоа усно да одговори на даденото прашање додека во вториот дел кандидатот слуша два текста  кои подоцна ги интерпретира и го искажува своето мислење, а во текот на подготовката треба само да се обрне внимание на евентуалните пропусти и слабости со цел да имаат што подобар резултат на конечниот тест.

Reading:

Во овој дел слушателите вежбаат разбирање на детали, идеи, заклучоци, антоними, синоними, повеќе значни зборови, повторување на идеи, сето тоа на четива кои содржат многу комплексна и научна терминологија.

Writing:

Во делот за пишување слушателите ги учат правилата, начините и техниките за пишување есеи кои на полагањето ќе им донесат повеќе поени.

Дополнителни информации:

Слушателите добиваат учебник, а исто така и дополнителни наставни материјали кои ги изготвува наставникот во согласност со утвдените слабости и пропусти. Се користи ЦД на часовите кои се предвидени за Listening  и Speaking Слушателите изработуваат домашни задачи, претежно есеи, кои ги проверува наставникот.

Цел на наставата:

Целта на наставата е слушателите да ги усовршат знаењата и техниките потребни за полагање во една автентична атмосфера и да се подготват за што поуспешно полагање на претстојниот тест.

Joomla Templates. Copyright © 2005 ESP Skopje, All rights reserved. Please send questions and comments to the Webmaster