1 9 333 444 555 666 7 5

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси


Подготовка за Специјализиран курс- англиски јазик за правници (ILEC)

Печати

 

Курсот се состои од вкупно 100 часа х 45 минути. Интензитетот на курсот е 3 пати неделно по 3 часа. Се работи по програма на Кембриџ- International Legal English која се состои од вкупно 15 лекции, од кои првата не воведува во правото и правните концепти со акцент на основните аспекти на правниот систем, додека секоја од останатите лекции покрива различна област од трговското право.

Кои се целите на курсот?

  • Да ја усоврши вашата способност за пишување на често употребувани правни текстови на англиски јазик, како што се писмата и деловните дописи;
  • Да ја усоврши вашата способност за читање и разбирање на правни текстови, како што се правни списанија, правни дописи, трговски закони и други документи за трговско право на англиски јазик.
  • Да го зголеми вашето разбирање на говорниот англиски кога истиот се користи за да зборуваме за правни теми на состаноци, презентации, интервјуа, дискусии, меѓународни семинари, работилници, итн.
  • Да ги зајакне вашите говорни вештини и да ви овозможи да се вклучите поефективно во опсег од говорни ситуации типични за правната пракса како што се разговори со странски клиенти, дискусии со колеги или преговори за склучување договор.
  • Да ве запознае со некои од јазичните аспекти на работата на правникот.

Како овој курс ќе ви помогне да ги постигнете горенаведените цели?

За постигнување на овие цели, курсот се фокусира на неколку аспекти од англиски јазик за правници истовремено. Овие аспекти вклучуваат:

  •  анализа, обработка и пишување на автентични правни текстови,
  •  јазични функции вообичаени за правните текстови,
  • фонд на зборови кој ги надминува границите на најчесто употребуваната терминологија и е неопходен за успешна деловна комуникација.

Специјализираниот курс по англиски јазик за правници е поставен на нивоата B2-C1 на јазична рамка на Советот на Европа, односно високо средно ниво и напредно ниво. Курсот е наменет за сите оние кои имаат потреба да го користат англискиот јазик во правната професија. Овој курс целосно ги подготвува слушателите за Меѓународна Диплома по англиски јазик за правници (ILEC) на Универзитетот во Кембриџ која слушателите може да ја полагаат по свој избор по завршувањето на курсот. Доколку размислувате или сте се одлучиле за полагање на оваа Диплома како дел од курсот нашето училиште ви нуди можност за полагање на преттестирање односно симулација на вистинскиот тест од Универзитетот во Кембриџ. Тестовите се подготвуваат, администрираат и се прегледуваат од стручен тим на испитувачи при Кембриџ ЕСОЛ. Услугата на преттестирање е бесплатна за слушателите на курсот.

Повеќе информации за:

-Меѓународна диплома по англиски јазик за правници (ILEC)
Ова е испит на Универзитетот во Кембриџ, одделот за сертифицирање на познавањето на англискиот јазик, направен во соработка со Транслигал, европска водечка фирма на правници-лингвисти.  Работодавците сакаат да бидат сигурни дека нивните вработени го познаваат англискиот јазик на ниво доволно да можат да комуницираат со клиенти и  професионалци од други земји и да се справуваат со пишани информации на англиски. Од друга страна, студентите по право и правниците почетници, би сакале да им покажат на работодавците дека го познаваат англискиот јазик и се способни да работат во меѓународно правно опкружување. Ако сте вие почетник или правник кој сака да работи во меѓународен контекст, тогаш ова е вистинскиот испит за вас.

Испитот е признаен од водечките правни асоцијации.

Испитот трае околу 3 часа и се состои од 4 дела: читање (75 мин), пишување (75 мин), слушање (40 мин) и говорење (16 мин).

Кандидатите кои ќе го положат испитот ќе бидат во состојба да го користат јазикот во практични ситуации, да учествуваат на состаноци и дискусии од областа на правото, јасно да ги искажуваат своите мислења и да разбираат извештаи, писма и понуди.

Дипломата е доживотна.

Joomla Templates. Copyright © 2005 ESP Skopje, All rights reserved. Please send questions and comments to the Webmaster