1 9 333 444 555 666 7 5

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси


Подготовка за Специјализиран курс - финансиски англиски јазик (ICFE)

Печати

 

Курсот се состои од вкупно 100 часа х 45 минути. Интензитетот на курсот е 3 пати неделно по 3 часа. Се работи по програма на Кембриџ- English for the Financial Sector, Professional English in use: Finance  која се состои од вкупно 24 лекции, од кои одреден број на лекции опфаќаат одредена област од финансии како што се инвестициско банкарство, управување со средства, сметководство, трговски финансии, финансиско известување, итн. Додека останатиот број на лекции се фокусира на

вежбање на вештините за деловна комуникација- телефонирање, учествување на состаноци, пишување на писма, е-меил, извештаи, преговори и презентации- во финансиски контекст.

Кои се целите на курсот?

  • Да ги објасни основните концепти на повеќето области од финансии
  • Да го изгради вашиот финансиски вокабулар преку читање, слушање и дискусии
  • Да го развие вашето разбирање на финансиски текстови
  • Да ги развие вашите вештини на слушање на финансиски англиски
  • Да ги усоврши вашите говорни вештини преку дискусии, студирање на случаи и ситуации
  • Да ја развие вашата деловна комуникација со зголемување на вашата самодоверба и течно изразување во опсег на вештини
  • Да овозможи вежбање на посебни јазични функции како што се советување, давање предлози, заклучоци, ревизија, појаснување и итн.

Како овој курс ќе ви помогне да ги постигнете горенаведените цели?

За постигнување на овие цели, курсот се фокусира на неколку аспекти од финансиски  англиски јазик. Овие аспекти вклучуваат: анализа и обработка на автентични интервјуа со луѓе кои работат во областа на финансии, автентични деловни текстови за читање, разбирање и активности за изучување на вокабулар и дискусии.

Секоја лекција има јазичен фокус кој опфаќа одредена јазична област.

Активности кои се насочени кон реални ситуации од финансиската индустрија.

Специјализираниот курс по финансиски англиски јазик е поставен на нивоата B2-C1 на јазична рамка на Советот на Европа, односно високо средно ниво и напредно ниво. Курсот е наменет за сите оние кои имаат потреба да го користат англискиот јазик во областите на финансиско работење. Овој курс целосно ги подготвува слушателите за Меѓународна Диплома по финансиски англиски јазик (ICFE) на Универзитетот во Кембриџ која слушателите може да ја полагаат по свој избор по завршувањето на курсот. Доколку размислувате или сте се одлучиле за полагање на оваа Диплома како дел од курсот нашето училиште ви нуди можност за полагање на преттестирање односно симулација на вистинскиот тест од Универзитетот во Кембриџ. Тестовите се подготвуваат, администрираат и се прегледуваат од стручен тим на испитувачи при Кембриџ ЕСОЛ. Услугата на преттестирање е бесплатна за слушателите на курсот.  

Повеќе информации за:

Меѓународна диплома по финансиски англиски (ICFE)
Универзитетот во Кембриџ, одделот за сертифицирање на познавањето на англискиот јазик и ACCA (Association of Chartered Certified Accountants) го подготвија испитот ICFE (International Certificate in Financial English) за познавање на англискиот јазик во областа на финансиите. Овој испит е идеална квалификација за секој кој планира или веќе гради кариера во областа на финансиите и сметководството.

Испитот трае околу 3 часа и се состои од 4 дела: читање (75 мин), пишување (75 мин), слушање (40 мин) и говорење (16 мин). Кандидатите кои ќе го положат испитот ќе бидат способни да го користат јазикот во практични ситуации, да учествуваат на состаноци и дискусии од областа на финансиите, јасно да ги искажуваат своите мислења и да ги разбираат финансиските документи вклучувајќи и финансиски извештаи, писма и понуди.

Дипломата е доживотна и е поставена на нивоата B2-C1 на јазична рамка на Советот на Европа.

Joomla Templates. Copyright © 2005 ESP Skopje, All rights reserved. Please send questions and comments to the Webmaster