ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси


Високо - средно ниво - B2

Печати

 

(седми и осми степен)

(ниво В2 според ЗЕЈР)

ЗЕЈР го дефинира нивото В2 како што следи:

Може да ги разбере главните идеи на сложен текст и на конкретни, и на апстрактни теми, вклучувајќи и технички дискусии од сопственото поле на специјализација. Може да комуницира доволно течно и спонтано, што овозможува нормална интеракција со

родени говорители без напор од која било страна. Може да оформи јасен, детален текст од широк опсег на теми и даобјасни гледиште за некое тематско прашање со изложување на предностите инедостатоците на различните опции.

Предвидени часови за ова ниво се 112 наставни часа од по 45 минути, или 56 часа од по 90 минути за изучување на материјата и дополнителни 4 часа за утврдување и тестирање. Наставата за секое ниво поединечно (7 и 8 степен) трае по еден академски семестар. За изучување на високото средно ниво потребни се два семестари освен ако не се работи за интензивна обука која се изведува со интензивно темпо во зависност од потребата на слушателите.

Содржина

Учебникот се состои од 7 тематски единици од кои првите четири се предвидени во курикулумот за 7 степен а останатите три се опфатени во наставната програма за 8 степен. Секоја тема е поделена на граматички дел, вокабулар, јазични вештини (зборување, читање, слушање и пишување), говорен англиски јазик или употреба на јазикот (функции) и вежби од работната тетратка. Во прилогот содржината на учебникот е разработена во корелација со ЗЕЈР во детали.

Граматика  

На ова ниво се утврдува претходното знаење на слушателите во однос на граматичките категории и конструкции и се заокружуваат разликите помеѓу трајни и прости иперфектни форми, активни и пасивни форми. Се усовршува користењето на индиректен говор, и релативните реченици. Односно тука се вклучени следнивеграматички единици од кои некои се повторуваат, надградуваат а некои се воведуваат како нови граматички единици, како што следи:Revision (Question formation), Auxiliary verbs, the…the…+comparatives, Present Perfect (Simple and Continuous), using adjectives as nouns, adjective order, narrative tenses, past perfect continuous, so/such…that, adverbs and adverbial phrases, passive (all forms), it is said that…, he is thought to.., Future Perfect and Future Continuous, Conditionals and Future Time clauses, unreal conditions, past modals, would rather, had better, verbs of the senses, gerunds and infinitives, used to, be used to, get used to, reporting verbs, articles, uncountable and plural nouns, have something done, quantifiers, structures after wish, clauses of contract and purpose, relative clauses.

Вокабулар

Во овој дел слушателите учат да градат зборови преку претставки и наставки, да употребуваат сложенки и сложени придавки. Се проширува вокабуларот во однос на идиоми и фразални глаголи. На ова ниво корисниците на јазикот се учат како да го разберат значењето на одредени зборови од самиот контекст, го збогатуваат својот речник со придавки за карактерни особини, болести и лекување, облека и мода, авиотранспорт, ја увидуваат разликата помеѓу таканаречени збунувачки прилози и фрази, за прв пат се среќаваат со зборови како кривични дела и казни, надополнуваат знаења за време, и изрази со глаголот take, чувства, глаголи кои често се мешаат во користењето, зборови поврзани со човечкото тело, музика, сон, медиуми, наука, градови, бизнис и адвертајзинг и слично.

Говорен јазик: Овој дел го заменува делот за секојдневен англиски во кој слушателите вежбаат и изучуваат фрази на теми како „Што ни носи иднината?“, амбиции, големи ризици, сцена и екран, музички фестивали и големи градови. Метафората е дека,откако напредувал бавно, но постојано, низсредното плато, ученикот открива дека пристигнал некаде, нештата изгледаат различни, тојусвојува нов агол на гледање, може да гледа наоколу на нов начин. Овој концепт како да ево значајна мераоправдан со дескрипторите баждарени на ова рамниште. Тие преставуваатзначаен пресврт во споредба со досегашната содржина. На пример, во долниот дел одраспонот, акцентот е врз ефективната аргументација: може да ги образложи и да ги брани своитеставови во дискусија, нудејќи релевантни објасненија, аргументи и коментари; може да го објаснисвоето гледиште за актуелно прашање, наведувајќи ги предностите и недостатоците на различнитеопции; може да поврзе неколку аргументи во логична низа; да развие дискусија, изнесувајќи причини воприлог или против одредено гледиште; може да објасни проблем и да стави до знаење дека неговиотсоговорник во некои преговори мора да направи отстапка; може да изнесувапретпоставки за одреденипричини и последици, како и да дискутира за хипотетички ситуации; може активно да се вклучи вонеформална расправа во познат контекст, изнесувајќи ги своите забелешки, објаснувајќи ги своитегледишта, проценувајќи алтернативни предлози, изнесувајќи или реагирајќи на претпоставки.

Читање: Се користат текстови кои честопати се оригинални извадоци од енциклопедии, весници и списанија со цел да се прошири вокабуларот и да се подобри вештината за читање. Од читателот кој прима и обработува пишани текстови може да се бараат на пример активности кои вклучуваат читање заради општа ориентација, за цели на информација, за да ја сфати суштината, за да најде конкретна информација, итн. На ова ниво корисникот на јазикот може да извлече информации, идеи и мислења од високо специјализирани извори во рамките насопственото подрачје.Може да разбере специјалистички статии и надвор од подрачјето на сопствениот интерес акоповремено може да се послужи со речник за да ја потврди својата интерпретација натерминологијата. Може брзо да прелета низ долг и сложен текст, пронаоѓајќи ги информациите што го интересираат.Може доволно брзо да ја идентификува содржината и важноста на новите информации, статии иизвештаи за голем опсег на стручни теми за да одлучи дали вреди подетално да го проучи текстот. Може доста самостојно да чита, приспособувајќи ги начинот и брзината на читање кон текстот ицелта на читањето и селективно користејќи прирачници и помошна литература. Има широкактивен читачки вокабулар, но може да има тешкотии со ретко користените идиоми.

Пишување: Слушателите во активностите на пишана продукција (пишување) оформуваат пишан текст што ќе биде примен од еден или повеќе читатели. Примери на пишани активности за ова ниво вклучуваат пишување на неформално писмо или е-маил, пишување на кратка приказна, изразување на свое мислење во писмена форма, пишување на статија и извештај, формално официјално писмо, пишување на есеј –„за“ и „против“. Корисникот на ова нивоможе да напише есеј или извештај во кој развива некоја тема, наведувајќи ги причините за илипротив некој став и објаснувајќи ги предностите и недостатоците на различните решенија.Може да сумира информации и аргументи од разни извори.

Слушање: Кај активностите на слушната рецепција (слушањето) корисникот на јазикот како слушател прима и обработува говорна порака произведена од еден или повеќе говорители. Слушањето на ова ниво се посветува на целосно разбирање на текстовите или разговорите кои се слушаат на ЦД и кои вообичаено се поврзани со темите кои во текот на лекциите биле разработени. Корисникот на ова ниво треба да може да го разбере она што е изречено со стандарден говорен јазик, директно или преку медиуми, запознати или непознати теми кои обично се среќаваат во личниот, општествениот, образовниот илипрофесионалниот домен. Врз неговата способност за разбирање може да влијаат само голема бучававо фонот, несоодветна структура на говорот и/или користење на идиоматски изрази .Може, со извесен напор, да сфати голем дел од она за што се зборува во негово присуство, но може даму биде тешко ефективно да учествува во расправа со неколкумина родени говорители кои воопшто  не го приспособуваат своето зборување.

Зборување: Во говорната продукција (зборувањето) корисникот на јазикот произведува говорен текст кој го примаат еден или повеќе слушатели. Во ваквите активности слушателите се охрабруваат да го применуваат целото знаење од граматика, вокабулар и другите вештини и преку дискусии на одредени теми, спонтано зборување, играње на улога, зборување со помош на визуелни помагала или слики да го изразуваат своето мислење.  Темите кои се обработуваат на ова ниво се наука, музика, градови и знаменитости, болести, лекување, човечко тело, карактерни особини, облека, мода, авио транспорт, кривични дела и казни, време, чувства, сон и сонување, бизнис и рекламирање. До крајот на оваа обука корисникот на јазикот треба да може да одржи јасна, подготвена презентација, наведувајќи причини за и против некој став, како инаведувајќи ги предностите и недостатоците на можните решенија.Може доста течно и спонтано да одговори на повеќе прашања за темата на презентацијата безпоголем напор за себе и/или за публиката.Може да изнесе јасни аргументи, развивајќи ипошироко образлагајќи ги своите ставови содополнителни елементи и соодветни примери.Може да поврзе повеќе аргументи во логична мисловна низа.Може да го изнесе своето мислење за некој актуелен проблем, наведувајќи ги предностите инедостатоците на можните решенија.

Цел на наставата:  Целта на наставата е слушателите на ова ниво значително да ја подобрат флуентноста, да се здобијат целосно со самодоверба во зборувањето и своето изразување да го подигнат на повисоко ниво со многу побогат речник преку користење на точни граматички конструкции и префинет вокабулар. На крајот на јазичната обука целта е корисникот на јазикот даможе да ги разбере главните идеи на сложен текст и на конкретни, и наапстрактни теми, вклучувајќи и технички дискусии од сопственото поле наспецијализација. Може да комуницира доволно течно и спонтано, штоовозможува нормална интеракција со родени говорители без напор од која било страна. Може да оформи јасен, детален текст од широк опсег на теми и даобјасни гледиште за некое тематско прашање со изложување на предностите инедостатоците на различните опции.Поединечните цели се дадени подетално во Прилогот кој следи каде се претставени преку фразата “CAN DO”, која појаснува која цел се постигнува со секој индивидуален час. 

Дополнителни информации:Слушателите добиваат учебник и работна тетратка а исто така на секој час добиваат и дополнителни наставни материјали кои ги изготвува наставникот при подготовката на секој час посебно. Се користи ЦД на час, во одреден контекст се гледаат видео материјали, се користат и материјали од Интернет и од книгата за наставници. Слушателите изработуваат домашни задачи кои ги проверува наставникот.

По завршувањето на овој степен слушателите добиваат диплома која се издава врз основа на финален тест кој се состои од писмен и устен дел.

Joomla Templates. Copyright © 2005 ESP Skopje, All rights reserved. Please send questions and comments to the Webmaster