google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Политики за користење на системот за електронска трговија.
Со самиот пристап на интернет-страницата на ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни барања. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, ЕМБГ, адреса, и-мејл адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг-центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн-плаќање.
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Глобко Логистик Скопје, Карго Експрес, Спиди Деливери, на адресата која е наведена во порачката. Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката и се на товар на потрошувачот.
Производите/услугите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страница.
Плаќањето на производите/услугите може да биде со кредитна/дебитна картичка или банкарски, преку трансакциона сметка.
Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака, може директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО Скопје не врши поврат на средствата на купувачот, секоја продажба е финална.
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе