google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Обука на обучувачи (ТоТ)
  • Обука на обучувачи (ТоТ)

Обука на обучувачи (ТоТ)

10.030 ден.
без ДДВ: 8.500 ден.
Шифра на производ: 200921221752
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Обука на обучувачи (TOT)

По завршувањето на обуката ќе можете: самостојно да извршите анализа на потреби за обука; да планирате; да изведувате обуки; да употребувате визуелни помагала; да употребувате вештини на презенирање и комуникација; да управувате со групна динамика; да се справите со тешки ситуации и учесници; да давате и примате повратни инфорамции; да евалуирате обуки. 

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини за целокупна изведба на обука преку користење соодветни методи, техники, алатки и помагала за обучување.

Опфат – теми

  • Што е обука и циклус на обука?
  • Анализа на потребите за обука и поставување цели
  • Техники и алатки за утврдување потреби за обука
  • Утврдување целни групи за обука
  • Развој на цели (општи)
  • Развој на активности за обуката
  • Развивање наставен план и вежби
  • Стилови на учење
  • Циклус на учење
  • Одредување временска рамка
  • Креирање курикулум и развивање вежби
  • Методи и избор на методи за пренесување содржина
  • Пренесување знаење и информации
  • ОМЕГА-принципи
  • Презентациски вештини
  • Комуникациски вештини
  • Држење на телото и гестикулација при обука
  • Избор и работа со визуелни помагала
  • Справување со тешки учесници
  • Киркпатрик-модел
  • Давање и примање повратни информации (фидбек)
  • Развој на програма за евалуација на обуката и евалуација

Целна група

Оваа обука е наменета за секој кој сака и/или има потреба од стекнување вештини за изведба на обука или за нивно надградување.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго).

 

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката преку изготвување презентација (во Power Point) и презентирање пред групата учесници. Секој учесник ќе добие повратни информации за индивидуалната презентација.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка и изведба на обуки ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство обуката е дводневна. Вкупно 12 часа, 2 последователни дена по 6 часа дневно.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува 2 пати неделно по 3 часа во период од 2 недели.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Verificiran badge

ESP ISO 9001

ESP ISO 17100

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Обука на обучувачи (ТоТ) Обука на обучувачи (TOT) По завршувањето на обуката ќе можете: самостојно да извршите анализа на потреби за обука; да планирате; да изведувате обуки; да употребувате визуелни помагала; да употребувате вештини на презенирање и комуникација; да управувате со групна динамика; да се справите со тешки ситуации и учесници; да давате и примате повратни инфорамции; да евалуирате обуки.  Цел на обука.. Category: Product #: 200921221752 Regular price: 10.030 ден. 10.030 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО