google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување вештини за справање со стрес и управување со стресни ситуации, преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да препознаат симптоми на стрес, како и симптоми на прегорување кај себе и кај други; да ги идентификуваат причинителите за стрес; да употребат техники за избегнување и/или справање со стрес и стресни ситуации; да постават и применат стратегии за справување со стрес, како во работната средина, така и на лично поле, и друго.
Опфат – теми
Целна група
Оваа обука е наменета за секој којшто сака да се научи да применува техники и алатки за избегнување и/или справување со стрес и стресни ситуации.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер, со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе