google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување вештини на професионална продажба преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да направат истражување за потенцијалниот клиент и да соберат доволно информации за претстојната презентација на услуги/производи; да испланираат и да обмислат исходи од процесот; да употребат комуникациски техники и алатки на продажба; да употребат продажни техники/тактики; да создадат околности за продажба; да затворат продажба и да склучат договор; да се справат со можни приговори и друго.
Опфат – теми
Целна група
Оваа обука е наменета за сите вработени кои се директно вклучени во процесот на продажба, како и учесници кои сакаат да се стекнат со професионални продажни вештини.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер, со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе