google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Продажба и техники на продажба
  • Продажба и техники на продажба

Продажба и техники на продажба

10.502 ден.
без ДДВ: 8.900 ден.
Шифра на производ: 200921184153
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Продажба и техники на продажба

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини на професионална продажба преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да направат истражување за потенцијалниот клиент и да соберат доволно информации за претстојната презентација на услуги/производи; да испланираат и да обмислат исходи од процесот; да употребат комуникациски техники и алатки на продажба; да употребат продажни техники/тактики; да создадат околности за продажба; да затворат продажба и да склучат договор; да се справат со можни приговори и друго.

Опфат – теми

  • Што е продажба?
  • Познавање на производот/услугата
  • Истражување и изнаоѓање информации за можни клиенти (lead sourcing)
  • Продажен процес
  • Профилирање на клиентите
  • Планирање и обмислување добро оформени исходи
  • Комуникациски вештини при продажба
  • Поставување прашања при продажба
  • Вештини на слушање при продажба
  • Техники (тактики) на продажба
  • Презентациски вештини при продажба
  • Созадавње околности
  • Техники на затворање (closing)
  • Склучување договори
  • Справање со приговори
  • 5 битни чекори во продажниот процес
  • Процес на продажба и продажни техники
  • Постпродажни односи
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите вработени кои се директно вклучени во процесот на продажба, како и учесници кои сакаат да се стекнат со професионални продажни вештини.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер, со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • Обуката е дводневна. Вкупно 12 часа при физичко присуство.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува еднаш неделно, во период од 4 недели.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Verificiran badge

ESP ISO 9001

ESP ISO 17100

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Продажба и техники на продажба Продажба и техники на продажба Цел на обуката Целта на обуката е стекнување вештини на професионална продажба преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да направат истражување за потенцијалниот клиент и да соберат доволно информации за претстојната презентација на услуги/производи; да испланираат и да обмислат исходи од процесот; да употреб.. Category: Product #: 200921184153 Regular price: 10.502 ден. 10.502 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО