google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување вештини за управување со проекти преку користење соодветни техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: самостојно да дефинираат фази на проектот; да дефинираат општи цели, посебни цели, како и резултати и активности на проектот; да извршат алокација и да управуваат со проектни ресурси; да подготват и да управуваат со проектен буџет; да утврдат и да управуваат со критична патека; да вршат мониторионг и евалуација на проект; да подготвуваат извештаи за проекти; да затворат проект; и друго.
Опфат –теми
Целна група
Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат или пак ќе работат како менаџери на проекти, како и за учесници кои сакаат да се стекнат со вештини на управување.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при секојдневното работење ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе