Во периодот на пандемија од Covid 19, сите часови се одвиват online.
Еден степен е организиран во 60 часа по 45 мин, еднаш неделно по 2 часа (90 мин во термин, вкупно 8 месеци).
Цели - задачи на курсот
- да ја осознае потребата за изготвување на алгоритам при решавањето на одреден проблем;
- да се запознае со концептот за временска и просторна сложеност на алгоритмите;
- да се запознае со алгоритми за решавање на дадени проблеми (сума на броеви, минимум/максимум од множество броеви, аритметичка средина на броеви, издвојување на цифри на број и нивна манипулација);
- да се оспособи за програмирање на изучените алгоритми;
- да се оспособи за изработување на алгоритми и програми со основните контролни структури (редоследна, за избор, за повторување) за однапред дадени текстуални проблеми
- Да умее да изработува програми од готови алгоритми запишани во псевдо-јазик (квази-јазик).
- да умее да ги објаснува и дефинира поимите: структура на податоци и еднодимензионална низа како структура од податоци;
- да ја осознае потребата од користење на структура на податоци – еднодимензионална низа;
- да знае да декларира, дефинира и користи еднодимензионална низа;
- да умее да пристапува до елемент од еднодимензионална низа;
- да знае да користи повторување со броење на циклусите при достапување до сите елементи од низата (поминување низ низа);
- да умее да изработува програми со користење на еднодимензионални низи;
- да се оспособи за решавање на текстуални задачи.
- да умее да го објаснува поимот потпрограма;
- да осознае дека и главната програма е потпрограма во С++;
- да умее да ги разликува функциите на потпрограма и на главна програма;
- да ги осознае потребата и предностите од користење (повикување) на потпрограми во главната програма;
- да се оспособи за препознавање на проблемски ситуации во кои треба да се примени потпрограма;
- да ги запознае основните математички функции од
- библиотеката cmath (fabs, sqrt, pow, ceil, floor, sin, cos);
- да се оспособи за примена на правилата за именување на потпрограма;
- да се оспособи за изработка на потпрограми и нивно повикување од главната програма;
- да се оспособи за правилно пренесување на вредности од главната програма во потпрограмата;
- да се оспособи да решава проблеми со примена на потпрограми.