google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување со презентациски вештини. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да дефинираат цели на презентација; да извршат анализа на потребите на слушателите; да планираат, да структурираат и да извршат презентација; да подготват материјали; да се подготват за можни прашања; да користат вербална и невербална комуникација на ефективен начин; да се справаат со прекини за време на презентацијата; да употребуваат визуелни помагала; да ја надминат тремата пред презентирањето; да изградат самодоверба при презентирањето; да употребуваат вештини на презентирање и комуникација; да управуваат со групна динамика; да се справат со тешки ситуации и учесници, и друго.
Опфат –теми
Целна група
Оваа обука е наменета за сите вработени кои во делот на нивното работење презентираат / говорат или ќе презентираат / ќе говорат пред група вработени, како и за учесници кои сакаат да се стекнат со презентациски вештини.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката преку изготвување презентација (во Power Point) и презентирање пред групата учесници. Секој учесник ќе добие повратни информации за индивидуалната презентација.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе