google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Подготовка за IELTS
56 часа по 45 мин
IELTS, односно Меѓународниот систем за тестирање по англиски јазик (International English Language Testing System), e водечки светски тест за познавање на англискиот јазик, со преку 1,7 милиони полагања минатата година.
IELTS ги оценува сите ваши вештини на англиски јазик — читање, пишување, слушање и зборување, и е осмислен на начин што покажува како ќе се служите со англискиот јазик за време на студиите, на работното место или во слободното време при вашиот нов живот во странство.
Тестот IELTS е меѓународен тест за познавање на англиски јазик и има важност од две години. Тестот има две варијанти: општа (General Module), што ја полагаат кандидатите за иселеничка виза, и академска (Academic Module), за кандидти за студии во Европа, Северна Америка и Австралија.
Испитот IELTS се состои од четири дела што посебно се полагаат: слушање на говор од касета на дадена тема (Listening), текст на дадена тема со придружни прашања на кои треба да се даде одговор (Reading), пишување состав на дадена тема (Writing) и разговор (Interview).
Запишување:
За да се посетува подготовката за полагање на IELTS, слушателите мора да имаат многу солидна основа и добро да го познаваат англискиот јазик. Тоа се утврдува со тестирање кое го спроведува предавачкиот кадар во ЕСП, и врз основа на тој тест слушателите се квалификуваат за посетување на подготовката.
Програмата се работи по 2 книги:
Исто така, се користат и тестови од книгата Cambridge Practice Tests for IELTS, кадешто има 4 теста. IELTS се работи по два модула и тоа ACADEMIC и GENERAL MODULE. За двата модула, книгата за подготовка за слушање и зборување е иста, додека за читање и пишување е различна. Доколку се работи со група слушатели кои се подготвуваат за еден ист модул тогаш подготовката е поедноставна, но доколку групата е составена од слушатели кои се подготвуваат и за двата модула, тогаш подготовката треба да се приспособи според слушателите и нивниот индувидуален прогрес.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе