google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Тим и градење тимови
  • Тим и градење тимови

Тим и градење тимови

15.576 ден.
без ДДВ: 13.200 ден.
Шифра на производ: 201020090229
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Тим и градење тимови

Цел на обуката

Целта на обуката/работилницата е стекнување вештини за тимска работа и градење тимови преку користење соодветни алатки и техники, и преку спортски или други социјални активности. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да употребуваат техники и алатки во тимското работење за постигнување успех како и за постигнување на целите на тимот; да изберат членови врз основа на потребите на тимот; да применат техники за градење меѓусебна доверба; да разменуваат информации применувајќи комуникациски вештини за работа во тим; да применуваат техники за справање со непродуктивен тим; да градат тимски дух; да пристапат кон тимското работење со цел да придонесат кон успешноста на тимот; да бидат добар член на тимот, како и успешно да водат тим и друго.   

Опфат – теми

  • Што е тим и работа во тим?
  • Типови на тимови
  • Карактеристики на тим
  • Работа во тим
  • Фази на градење тимови
  • Избор на членови
  • Типови на членови во тим
  • Градење доверба меѓу членовите во тимот - модел
  • Комуникација меѓу членовите во тимот
  • Клучни фактори за успешен тим
  • Начини за придонес кон тимската работа
  • Начини на водење тим
  • Градење тим преку спортски или други социјални активности кои може да вклучат: мал фудбал, пинг-понг, пикадо, мини-голф, мини-куглање, шах, јога, друго
  • Начини и техники за справање со непродуктивни тимови
  • Како да се стекне почит од другите членови во тимот
  • Развој на тимски дух
  • Како да се биде добар член на тим
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат и/или ќе работат како член на тим и/или тим-лидер, како и за сите учесници кои сакаат да стекнат и/или ги подобрат своите вештини за работа во тим.  

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Целосно вклучување на сите членови во сите спортски или други социјални активности.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневното работење. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

Обуката е дводневна. Вкупно 12 часа (2 дена по 6 часа).

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Verificiran badge

ESP ISO 9001

ESP ISO 17100

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Тим и градење тимови Тим и градење тимови Цел на обуката Целта на обуката/работилницата е стекнување вештини за тимска работа и градење тимови преку користење соодветни алатки и техники, и преку спортски или други социјални активности. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да употребуваат техники и алатки во тимското работење за постигнување успех како и за постигнување на целите на тимот; да изберат .. Category: Product #: 201020090229 Regular price: 15.576 ден. 15.576 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО