google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Застапување интереси (Advocacy)
  • Застапување интереси (Advocacy)

Застапување интереси (Advocacy)

5.782 ден.
без ДДВ: 4.900 ден.
Шифра на производ: 201021092855
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Застапување интереси (Advocacy)

Застапување значи и да се преземе лидерство и да се влијае врз носителите на одлуки. Застапување е процес со којшто се врши влијание врз одлуките, праксите и политиките заради подобрување на условите и изнаоѓање решенија за општо добро.

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини за застапување интереси на други заради општо добро, а преку користење соодветни техники, модели и алатки. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да направат анализа, синтеза и план за застапување и лобирање; ќе можат со леснотија да го идентификуваат проблемот, неговите причини и последици; да ја употребат алатката за „наговарање во лифт“ (Elevator pitch); да постават мапа на влијанија и план за обезбедување средства; практично да употребат НЛП-комуникациски модел; да направат план за имплементација; да анализираат ситуација во која ќе идентификуваат и ќе дефинираат проблеми; да употребат модел и алатки за анализа и решавање на проблеми и друго.

Опфат – теми

  • Што е застапување (Advocacy)?
  • Што е лобирање?
  • Која е улогата на застапниците
  • Нивоа на влијанија
  • Јавни застапувања
    • Градење поддршка
    • Цели и задачи
    • Собирање податоци
    • Публика и целни групи
    • Развивање порака
    • Канали на комуникација
    • Следење и оценување
    • Обезбедување средства
  • Проблем – причини и последици
  • Патоказ
  • Целни групи и канали на комуникација
  • Идентификување закани
  • Мапа на влијанија
  • „Наговарање во лифт“ (Elevator pitch)
  • План за имплементација
  • Градење однос (Rapport), говор на тело и гестикулација
  • Стилови на однесување при комуникација
  • Употреба и практична примена на НЛП-комуникациаски модел при застапување
  • Асертивна комуникација и начини на кажување НЕ
  • Подобрување на комуникациските вештини
  • Автентично асертивно однесување – вештини
  • Четири комуникациски стила
  • Надминување бариери во коминикацијата при застапување
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат или пак ќе работат во невладини организации, на проекти, владини организации и/или други компании каде што застапувањето на интересите на другите за општо добро е дел од секојдневното работење. Како и за сите оние кои сакаат да се стекнат со вештини за застапување интереси.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и другите дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Verificiran badge

ESP ISO 9001

ESP ISO 17100

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Застапување интереси (Advocacy) Застапување интереси (Advocacy) Застапување значи и да се преземе лидерство и да се влијае врз носителите на одлуки. Застапување е процес со којшто се врши влијание врз одлуките, праксите и политиките заради подобрување на условите и изнаоѓање решенија за општо добро. Цел на обуката Целта на обуката е стекнување вештини за застапување интереси на други заради општо добро, а преку користе.. Category: Product #: 201021092855 Regular price: 5.782 ден. 5.782 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО