google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Управување со тешки ситуации
  • Управување со тешки ситуации
  • Управување со тешки ситуации

Управување со тешки ситуации

5.310 ден.
без ДДВ: 4.500 ден.
Шифра на производ: 201020094020
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Управување со тешки ситуации

Целта на обуката е стекнување и/или подобрување на вештините за справање со тешки ситуации и избегнување конфликтни ситуации преку користење соодветни техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да употребат техники за идентификување различни нивоа на настојување/наметнување; да предвидат можни сценарија и да ги насочат кон спречување конфликт; да се справат со проблематични ситуации; да употребат техники при давање повратни информации; да креираат план на активности за подобрување на меѓучовечките односи; и друго.

Опфат – теми

  • Вовед во темата
  • Идентификација на различни нивоа на настојување/наметнување
  • Придобивки од ефективно справање со тешки ситуации и избегнување конфликтни ситуации
  • Идентификација на различни стилови на однесување
  • НЛП-комуникациски техники при тешки ситуации
  • Асертивна комуникација
  • Причини за однесување
  • Идентификување можен проблем
  • Перцепција
  • Спречување проблеми
  • Справање со проблематични ситуации
  • Негативна наспроти позитивна интеракција
  • Техники за справање со тешки ситуации
  • Техники и алатки во случај на конфликтни ситуации
  • Давање конструктивни повратни информации (feedback)
  • Креирање план на активности за подобрување на меѓучовечките односи
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите учесници кои сакаат да ги подобрат и/или да се стекнат со вештини за надминување на тешки ситуации и избегнување конфликтни ситуации.  

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентации и ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Verificiran badge

ESP ISO 9001

ESP ISO 17100

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Управување со тешки ситуации Управување со тешки ситуации Целта на обуката е стекнување и/или подобрување на вештините за справање со тешки ситуации и избегнување конфликтни ситуации преку користење соодветни техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да употребат техники за идентификување различни нивоа на настојување/наметнување; да предвидат можни сценарија и да ги насочат кон спречување конфликт; да се с.. Category: Product #: 201020094020 Regular price: 5.310 ден. 5.310 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО