google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Ефективно лидерство и менаџмент
  • Ефективно лидерство и менаџмент

Ефективно лидерство и менаџмент

10.030 ден.
без ДДВ: 8.500 ден.
Шифра на производ: 200921181947
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Ефективно лидерство и менаџмент

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување и/или подобрување на вештините за ефективно лидерство (водство) преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да ги увидат разликите меѓу менаџирање и лидерство; да се запознаат со поинакви лидерски стилови; да препознаат лидерски стил кај себе и кај останатите; да применат соодветен лидерски стил во зависност од ситуацијата (ситуациско лидерство);  да ги употребат научените лидерски вештини при работењето преку примена на алатките и инструментите; да го подобрат работењето во организацијата/институцијата и друго.

Опфат – теми

  • Што е лидерство? Што е менаџмент?
  • Лидерство наспроти менаџмент
  • Теории за лидерство
  • Карактеристики на лидерот
  • Поврзаност на лидерството со управувањето со луѓето
  • Лидерски карактеристики на современиот менаџер
  • Како менаџерот ги мотивира вработените
  • Стратегија за мотивација на вработените
  • Мотивирање на различни вработени
  • Мотивација за подобри перформанси и остварување на организациските и личните цели
  • Коучинг за подобра мотивираност и личен развој
  • Како современиот менаџер ги управува тимовите
  • Улогата на менаџерот во поставување на ефективни тимови
  • Организација и дизајн на работните задачи за постигнување на резултати во работата
  • Улога на менаџерот во креирање на микро култура за успешност во тимовите
  • Лидерски стилови
  • Менаџерски стилови и теории
  • Ситуациско лидерство  - Модел  и негова примена
  • Автентично лидерство
  • Ефективен лидерски личен развоен план
  • Влијание и комуникација
  • Важноста на менаџерските стилови – градење доверба
  • Креирање ефективни тимови
  • 8 димензии на лидерство
  • Важноста на информациите при донесување одлуки
  • Употреба на лидерски стил при комуникација со вработени; давање feedback (повратна информација) и друго
  • Коучинг вежби за лично лидерство и мотивација на вработените и тимот
  • Tips & Tricks
  • Рецепти за ефективен лидер
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за менаџери, раководители и други одговорни лица, како и за сите оние кои сакаат да се стекнат со вештини за ефективно лидерство.   

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • Обуката е дводневна. Вкупно 12 часа при физичко присуство.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува еднаш неделно во период од 4 недели.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Verificiran badge

ESP ISO 9001

ESP ISO 17100

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Ефективно лидерство и менаџмент Ефективно лидерство и менаџмент Цел на обуката Целта на обуката е стекнување и/или подобрување на вештините за ефективно лидерство (водство) преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да ги увидат разликите меѓу менаџирање и лидерство; да се запознаат со поинакви лидерски стилови; да препознаат лидерски стил кај себе и кај останатите; да при.. Category: Product #: 200921181947 Regular price: 10.030 ден. 10.030 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО