google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Способност да се управува со сопствените емоции и со емоциите на другите, со цел да се постигнат саканите исходи.
Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување и/или развивање вештини на самосвесност, социјална свесност, самодоверба и социјални компетенции преку користење соодветни методи, алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да идентификуваат емоции и однесувања кај себе и другите; да ја подобрат самодовербата; да се справат со однесувањето на други во разни социјани ситуации; да развијат лични компетенции; да го зголемат коефициентот на емоционална интелигенција; да се самомотивираат и друго.
Опфат – теми
Целна група
Оваа обука е наменета за сите оние кои сакат научат или развијат вештини на самосвесност, социјална свесност, самодоверба и социјални компетенции преку користење соодветни методи, алатки и техники, и за сите оние кои сакаат да го подобрат својот коефициент на емоционална интелигенција.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали што ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
По завршување на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе