google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Германскиот е втор најчесто зборуван јазик, по англискиот!
Германскиот јазик, поточно западно-германскиот е јазик кој главно се зборува во Централна Европа. Тој е најшироко распространет и официјален јазик (или ко-официјален) во Германија, Австрија, Швајцарија, Јужен Тирол во Италија, Германската заедница на Белгија и Лихтенштајн. Тој е еден од трите официјални јазици на Луксембург и ко-официјален јазик во Војводството на Ополе во Полска.
Германскиот јазик е најсличен на другите јазици во гранката на западногерманскиот јазик, вклучувајќи африканс, холандски, англиски, фризиски јазици, долногермански / долносаксонски, луксембуршки, шкотски и јидиски јазик.
Исто така, содржи блиски сличности во вокабуларот со данскиот, норвешкиот и шведскиот јазик, иако тие спаѓаат во групата Северногермански.
Германскиот јазик е еден од најпопуларните јазици на светот, мајчин јазик на скоро 100 милиони луѓе ширум светот и најраспространет мајчин јазик во Европската унија.
Германскиот е трет најчесто зборуван странски јазик во ЕУ после англиски и француски јазик, што го прави втор по големина јазик во ЕУ според вкупните говорници.
Германскиот е исто така втор широко изучуван странски јазик во ЕУ после англиски на ниво на основно училиште.
Нашите курсеви за општ германски јазик се вистинското решение за Вас, доколку сакате во целост да го совладате јазикот!
Граматика, пишување и говорење на германски јазик - нашите предавачи ќе ве воведат и ќе ве научат да го зборувате германскиот како мајчин јазик!
Курсевите за општ германски јазик се поделени во неколку степени, и тоа:
А1.1, А1, А2.1, А2, B1.1, B1, B2.1 и B2.
Секој степен е организиран во 60 часа, со времетраење од 45 минути.
Со секој завршен курс, добивате сертификат за завршениот степен.
Живееме во ерата на глобализацијата, па така, познавањето на германскиот јазик, е важен елемент и често одлучувачки фактор при аплицирање за одредена позиција, универзитет или за членство во некоја институција.
Инвестирајте во себе, проширете ги видиците, отворете се за светот!
ДА ГО НАПРАВИМЕ ТОА ЗАЕДНО!
Оваа пандемија е само можност секој од нас да се издигне и да се избори со пречките преку знаење, надградба и развој на својата личност!
Ве покануваме да се пријавите на нашите добро познати телефони:
071 324 - 170
071 324 - 172
02 3246 - 041
Е-пошта: esp@esp.com.mk
На нашиот ФБ-профил
https://www.facebook.com/esp.skopje
На нашиот Инстаграм-профил
https://www.instagram.com/espskopje/
ПОВИСОКИ ОД СИТЕ ОГРАДИ! – Тимот на ЕСП
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе