google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
60 часа по 45 мин
Темпото за одвивање на наставата е флексибилно и се договара во консултација со слушателите. Во согласност со потребите на слушателите, подготовката се врши за интернет-полагање на тестот во овластени центри.
Содржина: Учебното помагало кое се користи во подготовката на слушателите е Ibt Preparation for the TOEFL – Longman, во чиј склоп се и компјутерските вежби со кои се вежбаат усвоените вештини презентирани во учебникот и кои преставуваат дополнителна вежба и обука за тестот преку компјутерска симулација на тестот. Подготовката се состои од Listening, Speaking, Reading Comprehension и Writing.
Запишување: За да се посетува подготовката за полагање на TOEFL, слушателите мора да имаат многу солидна основа и добро да го познаваат англискиот јазик. Тоа се утврдува со тестирање кое го спроведува предавачкиот кадар во ЕСП, и врз основа на тој тест, слушателите се квалификуваат за посетување на подготовката.
Процес: Подготовката се започнува со дијагностички тест со цел да се утврдат недоволно совладаните јазични аспекти кај слушателите, што на професорот кој ја изведува наставата му дава насока за начинот на работа, и правци според кои треба да се изведува наставата. Дијагностичкиот тест се изведува писмено на првиот наставен час. Во текот на подготовката се работи на сите горенаведени делови од испитот, во време и на начин кој одговара на утврдените несовладани јазични аспекти и потреби кај слушателите. Во текот на наставата се вршат тестови за утврдување на постигнатиот напредок коишто даваат дополнителни насоки за фокусот на наставата, и на крај се спроведува симулација на тестот, во која слушателите може да оформат целосна слика за тоа што може да очекуваат на тестот, и кои се нивните можности. Сите тестови за утврдување на постигнатиот напредок како и самата симулација на тестот се вршат на компјутер во специјализираната компјутерска лабараторија во нашите простории.
Listening: Слушањето е поделено на три дела во кои слушателите слушаат најпрвин кратки разговори, потоа подолги разговори и на крај говори или предавања. Веднаш по слушањето на разговорите, им се поставуваат прашања со повеќе можни одговори, од кои слушателите треба да го изберат точниот одговор. Сите прашања во овој дел се од типот на три или четири понудени одговори, од кои доколку не е поинаку нагласено, има само еден точен одговор.
Speaking: Во овој дел се оценуваат говорните способности на кандидатот и тој претставува нов дел кој во претходните типови на TOEFL не постоеше. Се состои од два дела, од кои во првиот дел од кандидатот се бара да ги комбинира вештините на слушање и читање за потоа усно да одговори на даденото прашање, додека во вториот дел кандидатот слуша два текста кои подоцна ги интерпретира и за кои го искажува своето мислење, а во текот на подготовката треба само да се обрне внимание на евентуалните пропусти и слабости, со цел кандидатите да имаат што подобар резултат на конечниот тест.
Reading: Во овој дел, слушателите вежбаат разбирање на детали, идеи, заклучоци, антоними, синоними, повеќезначни зборови, повторување на идеи, сето тоа на четива кои содржат многу комплексна и научна терминологија.
Writing: Во делот за пишување, слушателите ги учат правилата, начините и техниките за пишување есеи коишто на полагањето ќе им донесат повеќе поени.
Дополнителни информации:
Слушателите добиваат учебник, а исто така и дополнителни наставни материјали кои ги изготвува наставникот во согласност со утвдените недоволно совладани јазични аспекти. На часовите предвидени за Listening и Speaking се користи ЦД. Слушателите изработуваат домашни задачи, претежно есеи, кои ги проверува наставникот.
Цел на наставата:
Целта на наставата е слушателите да ги усовршат знаењата и техниките потребни за полагање во една автентична атмосфера и да се подготват за што поуспешно полагање на претстојниот тест.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе