google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Цел на обуката
Јакнење на улогата на раководителите и тим-лидерите во придонесот кон развој на тимови со високи перформанси, а со самото тоа и кон развој на организацијата. Јакнење на вештини за комуникација во односите меѓу членовите на тимот и во самата организација. Развивање на оптимистички и победнички дух, самомотивација и мотивација на членовите на тимот во организацијата. Препознавање и развивање емпатија, транспарентност и решителност како едни од главните карактеристики на лидерите. Запознавање со алатки и техники кои се практично применливи за раководителите и тим-лидерите заради развој и управување со тимови со високи перформанси во секојдневното работење.
По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да употребуваат техники и алатки при градење и раководење со успешни тимови и постигнување на целите на тимот; да изберат членови врз основа на потребите на работата; да применат техники за градење меѓусебна доверба; да разменуваат информации, применувајќи комуникациски вештини за работа со тим; да применуваат техники за справување со непродуктивен тим; да градат тимски дух и друго.
Опфат – теми
Целна група
Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат и/или ќе работат како менаџери, управители, тим-лидери. Стекнатите вештини ќе може да се применат за развој и раководење на успешни тимови со високи перформанси, како и за сите учесници кои сакаат да стекнат и/или да ги подобрат своите вештини за раководење со тимови.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневното работење. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе