google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Ефективно управување со времето
  • Ефективно управување со времето

Ефективно управување со времето

5.192 ден.
без ДДВ: 4.400 ден.
Шифра на производ: 200921185209
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Ефективно управување со времето

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини за ефективно управување со времето преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да поставуваат цели и приоритети; да се справат со прекини и одолговлекувања; да го планираат и да го организираат времето; да употребуваат алатки и техники за ефективно управување со времето и друго.

Опфат – теми

  • Што е време и како го управуваме?
  • Зошто е важно да управуваме со времето?
  • Анализа – Дневник на активности (Activity Log)
  • Поставување цели и видови цели
  • Мотивација за постигување на целите
  • Прекини
  • Справување со прекините
  • Одолговлекување
  • Чекори за надминување на одолговлекувањето
  • Начини како да се каже НЕ
  • Одлучување што е битно
  • Цели и приоритети (SMART)
  • Алатки за управување со времето
  • Техники и методи (Матрица за управување со времето, Mетод АБЦ, Споредба во однос на нешто (Time Management Matrix, ABC Method, Pared Comparison))
  • Листа со задачи (TO-DO листа), Акционен план
  • Вештини на планирање
  • Планирање и организирање
  • План и запис на активности
  • Идентификување „арчители на време“ (time wasters)
  • Совети за ефективно управување со времето
  • 30 начини како ефективно да управувате со своето време
  • „Совети и финти“
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите учесници кои сакаат да се стекнат со вештини за ефективно управување со времето.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и со употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневната работа, како и за управување со сопственото време. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа, во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката, секој учесник добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Verificiran badge

ESP ISO 9001

ESP ISO 17100

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Ефективно управување со времето Ефективно управување со времето Цел на обуката Целта на обуката е стекнување вештини за ефективно управување со времето преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да поставуваат цели и приоритети; да се справат со прекини и одолговлекувања; да го планираат и да го организираат времето; да употребуваат алатки и техники за ефективно управување.. Category: Product #: 200921185209 Regular price: 5.192 ден. 5.192 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО