Illustrator
Овој курс е наменет за слушателите кои имаат одредени предзнаења за работа на компјутери и Windows. Курсот е наменет за графички дизајнери, web дизајнери и останатите слушатели кои сакаат да изучуваат дизајн и подготовка за печат.
Adobe Illustrator е апликација за векторско цртање и креирање на илустрации за печатен медиум, мултимедија, он-лајн графики, дизајнирање на логоа, амблеми, симболи, уметнички графики, релевантни уметнички текстови и друго.
Со обуката, слушателите се стекнуваат со знаење за:
- Техники за селекција на векторска графика
- Користење форми за креирање на векторска графика за разгледница
- Уредување и комбинирање на форми и патеки
- Трансформирање на векторска графика
- Креирање на илустрации со алатки за цртање
- Користење на боја со акцент на композиција
- Работа со текст
- Организирање на вашата векторска графика со слоеви
- Градиенти и патерни
- Користење на четки
- Додавање на Appearance Attributes
- Користење на ефекти и графички стилови
- Работа со 3D
- Печатење и извезување
- Печатење на документ