1 9 333 444 555 666 7 5

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси


Европска јазична рамка CEFL

Печати

 

Комплетна јазична употреба

Ц2

Може без потешкотии да разбере практично се слушнато или прочитано. Може да сумира информации од различни пишани или говорни извори и да ги реконструира аргументите и фактите во кохерентна презентација. Може да се изрази спонтано, флуентно и прецизно, при што разликува најситни нијанси на значење дури и во посложени ситуации.

Ц1

Може да разбере широк спектар на сложени и подолги текстови и да препознае скриени значења. Може да се изрази флуентно и спонтано без многу очигледно барање изрази. Може да го користи јазикот флексибилно и ефикасно во друштвени, академски и професионални цели. Може да срочи јасен, добро структуиран и детален текст на сложени теми и при тоа соодветно да користи организациски шеми, изрази и средства за поврзување и кохезија.

Самостојна јазична употреба

Б2

Може да ги разбере главните идеи на сложен текст на конкретни или апстрактни теми, вклучувајќи и стручни дискусии од сопствената специјалност. Може да комуницира до одреден степен флуентно и спонтано што овозможува непречена интеракција со родени говорители без потешкотии за двата соговорника. Може да срочи јасен и детален текст на широк спектар теми и да искаже гледиште за одредена тема давајќи ги добрите и лошите страни на различни опции.

Б1

Може да ги разбере главните точки на јасен и стандарден јазик на познати теми поврзани со областа на работата, училиштето, слободното време, итн. Може да се справи со повеќето ситуации во кои може да се најде за време на патување во области каде што се зборува јазикот што го учи. Може да срочи едноставен кохерентен текст на теми кои му/и се познати или се од личен интерес. Може да опише искуства и настани, сни, надежи и амбиции и накратко да даде причини и објаснувања за дадените ставови и планови.

Основна  јазична употреба

А2

Може да разбере реченици и често употребувани изрази кои се однесуваат на области од негова/нејзина непосредна важност (на пример: основни податоци за себе и семејството, пазарување, непосредна околина, работа). Може да учествува во едноставни и вообичаени ситуации кои подразбираат едноставна и директна размена на информации во врска со познати и вообичаени работи. Може да опише со едноставен јазик делови од своето потекло, непосредна околина и работи од непосредна потреба.

А1

Може да разбере и употреби познати секојдневни изрази и многу основни фрази за да ги задоволи потребите од конкретен тип. Може да се представи себеси и другите и може да постави и одговори на прашања од личниот живот како на пример каде живее, луѓето кои ги познава и предметите кои ги поседува. Може да учествува во едноставана конверзација доколку соговорникот зборува јасно и бавно и да е подготвен да му/и помага.

Joomla Templates. Copyright © 2005 ESP Skopje, All rights reserved. Please send questions and comments to the Webmaster