1 9 333 444 555 666 7 5

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси


Деловен англиски јазик

Печати

Курсевите по Деловен англикси јазик се поделени според CEF, и тоа:

A1    A2    B1    B2    C1    C2

ПРЕД - СРЕДНО НИВО (1 и 2)

(ниво B 1 (B1.1 и B1.2) според CEF)

ЦЕЛ НА НАСТАВАТА : Цел на наставата за овој курс е стекнување на основни знаења од деловниот англиски јазик и негово користење во секојдневниот живот со ограничен фонд на зборови кои се користат во деловната комуникација.

ЗАДАЧИ :

  • Слушателите да стекнат основни знаења за јазикот
  • Да стекнат одредени знаења од граматичките времиња
  • Да се оспособат за користење на стекнатото знаење во деловната комуникација
  • Да се оспособат за комуницирање со јазикот што го научиле

 МАТЕРИЈАЛНО - ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ

Наставата за овој курс се изведува во специјализирани училници.

Училницата е опремена со 8 работни маси и столчиња за секој кандидат посебно, додатни нагледни средства како што се постерите на ѕидот, касетофон, телевизор и DVD, мебел, и други потребни наставни средства со цел на секој слушател да му се овозможи самостојна работа.

Intelligent Business се состои од 15 тематски поврзани единици од кои секоја се состои од пет делови: Читање, Граматика, Вокабулар, Професионални вештини и Дилема и Одлука. Исто така, секоја тематска единица содржи пишување на одредена деловна форма (е-mail, извештај, формално писмо, факс, меморандум, итн). По завршувањето на секои три тематски единици следува тест за проверка на знаењето.  За материјалот се предвидени 60 часа, односно со тоа треба да се покрие еден степен од специјализираните курсеви за бизнис на пред-средно ниво. Што значи дека за да се покријат сите 12 тематски поврзани единици потребни се 120 школски часа од по 45 минути или два степена. По завршувањето на седмата/осмата тема, се предвидува тест за проверка и утврдување на знаењата врз основа на кој се оформува крајната оцена. Исто така и по завршување на петнаесеттата тема се предвидува тест за проверка и утврдување на знаењата.

Темите на час се разработуваат со reading, writing, listening and speaking. Односно за секоја тема е предвидено читање на текст, објаснување на непознатите зборови, слушање од CD, зборување со употреба на новите зборови, и пишување.

Во зависност од потребите на слушателите некоја категорија на час може да се изостави и истата да се надополни со домашната работа која се пишува во работната тетратка.

Дополнителни информации:

Слушателите добиваат учебник и работна тетратка, а исто така на секој час добиваат дополнителни наставни материјали кои ги изготвува наставникот за секој час посебно. Се користи аудио касета на час, по потреба се гледаат видео материјали, материјали од Интернет . Слушателите изработуваат домашни задачи кои ги проверува наставникот.

По завршувањето на секој степен слушателите добиваат дипломаи Report Card кои се издаваат врз основа на финален тест кој се состои од писмен и устен дел.

СРЕДНО НИВО (1 и 2)

(ниво B2 (B2.1 и B2.2) според CEF)

ЦЕЛ НА НАСТАВАТА: Цел на наставата за овој курс е стекнување на знаења од деловниот англиски јазик и негово користење во секојдневниот  живот со широк фонд на зборови кои се користат во деловната комуникација.

ЗАДАЧИ:

  • Слушателите да се воведат во концептите и јазикот на денешниот деловен свет.
  • Да направат спој од развојот на јазични вештини со воведот во деловните концепти
  • Да се оспособат за користење на стекнатото знаење во деловната комуникација преку делот Дилема и Одлука.
  • Да ги зголемат вештините на деловно пишување преку делот Водич за стилот кој има автентични деловни документи како е-меил, записници и извештаи.
  • Да го прошират и доразвијат својот вокабулар преку автентични текстови преземени директно од списанието Економист.

МАТЕРИЈАЛНО-ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ

Наставата за овој курс се изведува во специјализирани училници.

Училницата е опремена со 8 работни маси и столчиња за секој кандидат посебно, додатни нагледни средства како што се постерите на ѕидот,  ЦД, телевизор и ДВД, мебел, и други потребни наставни средства со цел на секој слушател да му се овозможи самостојна работа.

Intelligent Business Intermediate се состои од 15 тематски поврзани единици од кои секоја се состои од пет делови. Во него има вметнато делови за повторување и утврдување, а некои теми, во зависност од потребите на слушателите, можат да се изостават од изучување.

За материјалот се предвидени  60 часа, односно со тоа треба да се покрие еден степен од специјализираните курсеви за бизнис на средно ниво. Што значи дека за да се покријат сите 15 тематски поврзани единици потребни се 120 школски часа од по 45 минути или два степена (90 часа од по 60 минути).

По завршувањето на седмата тема, се предвидува тест за проверка и утврдување на знаењата врз основа на кој се оформува крајната оцена. Исто така и по завршување на петнаесетата тема се предвидува тест за проверка и утврдување на знаењата.

Од прва до петнаесетата тема се покриваат следните категории:

  • Reading
  • Language
  • Vocabulary
  • Career Skills
  • Dilemma and Decision

Истите на час се разработуваат во зависност од категоријата односно во телот Читање е предвидено обработка на текст, претставување на нов вокабулар, негово усвојување преку различни вежби и утврдување.

Во делот на јазик се посветува внимание на развивање на граматичките целини кои се користат при искажување на економски трендови, презентации на компании, споредба, идни планови за компанијата, итн.

Во делот Вокабулар се обработуваа синоними, антоними, градење на зборови, итн, слушателите исто така слушаат на ЦД и врз основа на тоа одговараат на прашања, развиваат дискусија, надополнуваат различни информации, итн.

Во делот на Вештини за Кариера се обработуваат практични теми како подготовка на презентации, оценување на вработени, начини и прашања за регрутирање на нови кадри, составување и презентација на економски трендови, начини на давање инструкции, предлози, совети, забелешки, критики за вработените, итн.

Во делот Дилема и Одлука слушателите се соочуваат со еден практичен пример од реалниот деловен свет за кого формираат свое мислење и донесуваат одлука на ниво на клас. Донесената одлука ја претставуваат во одредена пишана форма: е-меил, записник од состанок, кратко резиме, извештај, план,итн.

Во зависност од потребите на слушателите некоја категорија на час може да се изостави и истата да се надополни со домашната работа која се пишува во работната тетратка.

Дополнителни информации:

Слушателите добиваат учебник и работна тетратка, а исто така на секој час добиваат дополнителни наставни материјали кои ги изготвува наставникот за секој час посебно. Се користи аудио касета на час, по потреба се гледаат видео материјали, материјали од Интернет. Слушателите изработуваат домашни задачи кои ги проверува наставникот.

По завршувањето на секој степен слушателите добиваат диплома и Report Card кои се издаваат врз основа на финален тест кој се состои од писмен и устен дел.

Joomla Templates. Copyright © 2005 ESP Skopje, All rights reserved. Please send questions and comments to the Webmaster