ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси


Средно ниво - B1

Печати

патување низ некоја област во која се зборува јазикот. Можеда оформи едноставен поврзан текст на познати теми или на теми од личенинтерес. Може да опише искуства и настани, соништа, надежи и амбиции инакусо да ги образложи и објасни своите гледишта и планови.

Предвидени часови за ова ниво се 112 наставни часа од по 45 минути, или 56 часа од по 90 минути за изучување на материјата и дополнителни 4 часа за утврдување и тестирање. Наставата за секое ниво поединечно (5 и 6 степен) трае по еден академски семестар. За изучување на средното ниво потребни се два семестари освен ако не се работи за интензивна обука која се изведува со интензивно темпо во зависност од потребата на слушателите.

Содржина

Учебникот се состои од 7 тематски единици од кои првите четири се предвидени во курикулумот за 5 степен а останатите три се опфатени во наставната програма за 6 степен. Секоја тема е поделена на граматички дел, вокабулар, јазични вештини (зборување, читање, слушање и писување), секојдневен англиски јазик или употреба на јазикот (функции) и вежби од работната тетратка. Во прилогот содржината на учебникот е разработена во корелација со ЗЕЈР во детали.

Граматика

Слушателите на ова ниво имаат одредени познавања од граматичките структури кои на ова ниво се прошируваат главно преку користење на функции, нивна употреба преку комуникација и споредба на граматичките категории и конструкции кои на слушателите им претставуваат најчест проблем. Како проширување се изучуваат пасивни конструкции, одредени модални глаголи, директен и индиректен говор. Односно тука се вклучени следниве граматички единици од кои некои се повторуваат, надградуваат а некои се воведуваат како нови граматички единици, како што следи: Present Simple vs Continuous (action and non action verbs), Past Tenses (simple, continuous, perfect), Future Forms (going to, present continuous, will/shall), Present Perfect and Past Simple, Present Perfect Continuous, Comparatives and Superlatives, Obligation Modal Verbs (must, have to, should), Deduction (must, may, might, can’t), Ability and Possibility (can, could, be able to), First Conditional and Future Time Clauses, Second conditional, usually and used to, quantifiers, articles, gerund and infinitives, Reported Speech: statements, questions and commands, passive: be + past participle, relative clauses: defining and non-defining, third conditional, question tags, indirect questions. 

Вокабулар

Вокабуларот е сеуште организиран според теми, се изучуваат фразални глаголи и се прават разлики помеѓу идиоматски и буквални фразални глаголи. Се изучуваат посебно и идиоми, а исто така се започнува и со изучување сложенки и колокации. Вокабуларот ги опфаќа темите како храна и ресторани, спорт и спортски активности, семејство, личности, пари, фразални глаголи, силни придавки, транспорт и патување, мобилни телефони, опис на луѓе, придавки, образование, куќи, пријателство, образување на именки, глаголи и придавки+предлози, работа, шопинг, кино, што луѓето работат, сложенки, телевизија, фразални глаголи, образување на придавки и прилози.

Секојдневен англиски

Во овој дел се вклучуваат интерактивни методи и се охрабруваат слушателите интензивно да го користат целниот јазик преку вежби кои се работат во парови, групи или индивидуално. Слушателите се учат на начини на кои можат да искажуваат мислење, да нудат, да бараат одредени предмети или информации или решенија со цел подобро и на повисоко ниво да се снајдат во секојдневниот јазик. На ова ниво се опфатени следниве теми за секојдневен англиски - Запознавања, во канцеларија, наем на стан, посета на поп ѕвезда, состаноци, вести, проблеми на работа.

Читање:Текстовите на ова ниво остануваат подолги и се започнува со jigsaw читање,  при што слушателите веднаш го користат новиот вокабулар. Слушателите имаат определено време кои им се дава за читање на дел од четивото и потоа истото го репродуцираат со користење на ново научените фрази и изрази. Од читателот кој прима и обработува пишани текстови може да се бараат на пример активности кои вклучуваат читање заради општа ориентација, за цели на информација, за да ја сфати суштината, за да најде конкретна информација, итн. На ова ниво корисникот на јазикот може со задоволувачко ниво на разбирање да чита едноставни фактички текстови за теми од сопственото подрачје на интерес, да разбере информации во секојдневни материјали, какви што се писма, брошури и куси службени документи, кратки новинарски статии на познати теми.

Пишување: Слушателите во активностите на пишана продукција (пишување) оформуваат пишан текст што ќе биде примен од еден или повеќе читатели. Примери на пишани активности за ова ниво вклучуваат Опис на лице, раскажување на приказна, пишување на неформално писмо, опис на куќа или стан, формални писма и кратка биографија, предлог или критика за филм, статија за списание. При сите активности на пишување се користи вокабуларот и граматиката кои веќе се изучувани за функција на пишување.

Слушање: Кај активностите на слушната рецепција (слушањето) корисникот на јазикот како слушател прима и обработува говорна порака произведена од еден или повеќе говорители. Активности на слушање на ова ниво опфаќаат: слушање на јавни известувања (информации, упатства), слушање на радио програми и слично за цели на слушателот да ја сфати суштината, да добие конкретни информации или детално да разбере за што се работи. Слушателите се охрабруваат да слушаат што е можно повеќе и надвор од училницата. Слушањето на ова ниво станува уште повеќе сложено и долго. Деловите за слушање се состојат од подолги разговори или монолози во однос на кои слушателите имаат одредени задачи кои подоцна ги изнесуваат преку прашања и дискусии на определена тема која се разработува.

Зборување:

На ова ниво слушателите постапно се охрабруваат да водат дискусии на теми кои претходно се разработиле и во однос на кои совладале одреден вокабулар а кои ги вклучуваат помеѓу другите и следниве теми како храна и ресторани, спорт, семејство и карактери, финансии, живот, транспорт и патувања, модерни навики, опис на лица, изглед, образование, дом, пријателство, работа, шопинг, телевизија и слично. Говорителот на ова ниво ќе може да комуницира со одредена сигурност за познати вообичаени и невообичаени теми од своетоподрачје на интерес или од своето деловно подрачје. Може да разменува, проверува и потврдуваинформации, да се снајде во не сосема вообичаени ситуации и да објасни зошто нешто е проблем.Може да го изрази своето мислење за поапстрактни, културни содржини, какви што се филмовите, книгите, музиката и сл. Може да се служи со голем опсег на едноставен јазик за да ги реши повеќето ситуации со кои може дасе сретне за време на патување. Може неподготвено да се вклучи во разговор за познати теми, даизрази лични мислења, како и да размени информации за теми што му се познати, коишто лично гоинтересираат или коишто се однесуваат на секојдневниот живот (на пр. семејство, хоби, работа,патувања и актуелни настани).

Цел на наставата:

Целта на наставата е слушателите на ова ниво значително да ја подобрат флуентноста во зборувањето, да ја зголемат самодовербата, да го прошират знаењето со нови граматички конструкции и значително да го прошират вокабуларот кој го владеат. Слушателите се охрабруваат на ова ниво да водат дискусии. На крајот на јазичната обука целта е корисникот на јазикот да може  да ги разбере главните поенти на јасен, стандарден разговор за познати нешта со кои редовно се среќава на работното место, во училиштето, во слободното време итн. Може да се снајде во повеќето ситуации што може да се јават во текот на патување низ некоја област во која се зборува јазикот. Може да оформи едноставен поврзан текст на познати теми или на теми од личен интерес. Може да опише искуства и настани, соништа, надежи и амбиции и накусо да ги образложи и објасни своите гледишта и планови.Поединечните цели се дадени подетално во Прилогот кој следи каде се претставени преку фразата “CAN DO”, која појаснува која цел се постигнува со секој индивидуален час. 

Дополнителни информации:

Слушателите добиваат учебник и работна тетратка а исто така на секој час добиваат и дополнителни наставни материјали кои ги изготвува наставникот при подготовката на секој час посебно. Се користи ЦД на час, во одреден контекст се гледаат видео материјали, се користат и материјали од Интернет и од книгата за наставници. Слушателите изработуваат домашни задачи кои ги проверува наставникот.

По завршувањето на овој степен слушателите добиваат диплома која се издава врз основа на финален тест кој се состои од писмен и устен дел.

Joomla Templates. Copyright © 2005 ESP Skopje, All rights reserved. Please send questions and comments to the Webmaster