ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси


Пред - средно ниво - А2

Печати

(трет и четврт степен за возрасни)

(Ниво A2 според ЗЕЈР)

ЗЕЈР го дефинира нивото А2 како што следи:

Корисникот може да разбере реченици и често употребувани изрази сврзани со области однајнепосредна важност (на пример, најосновни лични и семејни информации,информации сврзани со купување, локална географија, вработување). Може да комуницира во

едноставни и рутински задачи за кои е потребна едноставна идиректна размена на информации за познати и рутински работи. Може со прости зборови да опише аспекти на своето образование, да ја опише непосредната околина и нешта во области сврзани со непосредни потреби.

Предвидени часови за ова ниво се 112 наставни часа од по 45 минути, или 56 часа од по 90 минути за изучување на материјата и дополнителни 4 часа за утврдување и тестирање. Наставата за секое ниво поединечно (3 и 4 степен) трае по еден академски семестар. За изучување на пред-средното ниво потребни се два семестари освен ако не се работи за интензивна обука која се изведува со интензивно темпо во зависност од потребата на слушателите.

Содржина

Учебникот се состои од 9 тематски единици од кои првите пет се предвидени во курикулумот за 3 степен а останатите четири се опфатени во наставната програма за 4 степен. Секоја тема е поделена на граматички дел, вокабулар, јазични вештини (зборување, читање, слушање и писување), секојдневен англиски јазик или употреба на јазикот (функции) и вежби од работната тетратка. Во прилогот содржината на учебникот е разработена во корелација со ЗЕЈР во детали.

Граматика

Структурите кои веќе им се познати на слушателите се повторуваат преку споредби и надградба на истите а се изучуваат и нови граматички структури кои не се опфатени во програмата од пониските степени. Ова ниво А2 во однос на граматиката ги опфаќа следниве наставни единици: Imperatives, Questions in different tenses, Revision of Present Simple, Present Continuous, Past Simple. Introduction of Past Continuous, used to, Future (revision of going to, present continuous for the future, will and going to), Present Perfect, Gerund and Infinitive, Conditions (Zero and First), Phrasal verbs,  Modals (can, could, might, may, must, mustn’t, have to, should), articles, determiners, prepositional phrases, adjectives and adverbs –comparative and superlative, intensifiers.  

Вокабулар

Вокабуларот е организиран според теми кои го надградуваат веќе постојниот зборовен фонд во опсег на темите храна и пијалак, предмети во градот, продавници и шопинг, патнички услуги, предмети и простории, придавки за личности, опис, чувства кои се користат во склоп на тематските единици опфатени од ова ниво А2 односно Хоби и занимливости, Одмори, Работа и Професии, Шопинг, Слободни активности, Образование.

Секојдневен англиски

Во овој дел се вклучуваат интерактивни методи и се охрабруваат слушателите интензивно да го користат целниот јазик преку вежби кои се работат во парови, групи или индивидуално. Се изучуваат некои општо користени изрази во секојдневниот говор и веднаш се преминува кон нивно користење.  На ова ниво се опфатени следниве теми за секојдневен англиски – Прашања на граница при имиграционо одделение, Резервации, Проблеми со оброкот односно Поплаки, Барање на информации, Купување билети, Остварување на телефонски повици. 

Читање:Текстовите на ова ниво стануваат подолги и се обработуваат преку прашања, поврзување на слика со текст, делови на текстот во парови и групи. Од читателот кој прима и обработува пишани текстови може да се бараат на пример активности кои вклучуваат читање заради општа ориентација, за цели на информација, за да ја сфати суштината, за да најде конкретна информација, итн. Во овие текстови најчесто се обработуваат едноставни и познати теми со конкретна содржина во кои се користи вообичаен, секојдневен и деловен вокабулар.

Пишување: Слушателите во активностите на пишана продукција (пишување) оформуваат пишан текст што ќе биде примен од еден или повеќе читатели. Примери на пишани активности за ова ниво вклучуваат опис на себеси или трето лице, опис на фотографија, неформално писмо, опис на местото на живеење, официјално (формално писмо), пишување писмо на пријател,опис на објект, давање на свое мислење. При сите активности на пишување се користи вокабуларот и граматиката кои веќе се изучувани за функција на пишување.

Слушање: Кај активностите на слушната рецепција (слушањето) корисникот на јазикот како слушател прима и обработува говорна порака произведена од еден или повеќе говорители. Активности на слушање на ова ниво опфаќаат: слушање на јавни известувања (информации, упатства), слушање на радио програми и слично за цели на слушателот да ја сфати суштината, да добие конкретни информации или детално да разбере за што се работи. Слушателите се охрабруваат да слушаат што е можно повеќе и надвор од училницата.

Зборување:Во ова ниво со цел да се подобрат вештините за зборување слушателите играат улоги, завршуваат незавршени приказни по свој избор, и го применуваат знаењето во однос на граматичките структури и вокабулар. Во активностите на говорната продукција (зборувањето) корисникот на јазикот произведува говорен текст што го примаат еден или повеќе слушатели. Примери на активности за ова ниво се зборување за себе, своето семејство, работа, опис на местото на живеење, работа, дом, знаменитости и активности, опис на личности – физички и карактерно,прераскажување на настани и сл. До крајот на оваа обука корисникот на јазикот ќе може со релативна леснотија да комуницира во јасно одредени ситуации и да учествува во кусиразговори под услов соговорникот да му помогне ако е потребно. Може, без голем напор, да се снајде воедноставни, секојдневни говори. Може да поставува и да одговара на прашања, како и да разменувамисли и информации за познати теми во предвидливи, секојдневни ситуации.

Цел на наставата:

Цел на наставата за ова ниво е да се утврдат граматичките категории кои веќе ги владеат и истите да се прошират со нови кои за воведуваат за прв пат. Целта е до крајот на јазичната обука корисникот да може да разбере реченици и често употребувани изрази сврзани со области однајнепосредна важност (на пример, најосновни лични и семејни информации,информации сврзани со купување, локална географија, вработување). Да може дакомуницира во едноставни и рутински задачи за кои е потребна едноставна идиректна размена на информации за познати и рутински работи. Да може сопрости зборови да опише аспекти на своето образование, да ја опише непосредната околина и нешта во области сврзани со непосредни потреби.Поединечните цели се дадени подетално во Прилогот кој следи каде се претставени преку фразата “CAN DO”, која појаснува која цел се постигнува со секој индивидуален час.

Дополнителни информации:

Слушателите добиваат учебник и работна тетратка а исто така на секој час добиваат и дополнителни наставни материјали кои ги изготвува наставникот при подготовката на секој час посебно. Се користи ЦД на час, во одреден контекст се гледаат видео материјали, се користат и материјали од Интернет и од книгата за наставници. Слушателите изработуваат домашни задачи кои ги проверува наставникот.

По завршувањето на овој степен слушателите добиваат диплома која се издава врз основа на финален тест кој се состои од писмен и устен дел.

Joomla Templates. Copyright © 2005 ESP Skopje, All rights reserved. Please send questions and comments to the Webmaster