ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси


Елементарно ниво - A1

Печати

(прв и втор степен за возрасни)

(Ниво A1 според ЗЕЈР)

ЗЕЈР го дефинира нивото А1 како што следи:

Корисникот може да разбере и да користи познати секојдневни изрази и најосновни фрази во врска со задоволување на потреби од конкретен тип. Може да се претстави себеси и другите и може да поставува и да одговара на прашања околу лични детали од типот каде живее, кои луѓе ги познава и нештата што ги има. Може да води

едноставен разговор под услов соговорникот да зборува бавно и јасно и да е подготвен да помогне.

Предвидени часови за ова ниво се 112 наставни часа од по 45 минути, или 56 часа од по 90 минути за изучување на материјата и дополнителни 4 часа за утврдување и тестирање. Наставата за секое ниво поединечно (1 и 2 степен) трае по еден академски семестар. За изучување на елементарното ниво потребни се два семестари освен ако не се работи за интензивна обука која се изведува со интензивно темпо во зависност од потребата на слушателите.

Содржина

Учебникот се состои од 9 тематски единици од кои првите пет се предвидени во курикулумот за 1 степен а останатите четири се опфатени во наставната програма за 2 степен. Секоја тема е поделена на граматички дел, вокабулар, јазични вештини (зборување, читање, слушање и писување), секојдневен англиски јазик или употреба на јазикот (функции) и вежби од работната тетратка. Во прилогот содржината на учебникот е разработена во корелација со ЗЕЈР во детали.

Граматика

Наставната програма отпочнува со вовед во основните граматички категории и интензивно продолжува со изучување на сегашно, минато и идно време и на крај завршува со вовед во сегашно перфектно време. Во однос на глаголските форми во ова ниво се изучува глаголот TO BE, HAVE GOT, Imperatives, Questions, Present Simple, Present Continuous, Past Simple (TO BE), Past Simple, Going to, I’d like, Verb+ing, Modals (can, could-ability and functional), Nouns, Pronouns, Possessives, Prepositions and prepositional phrases, Articles, Determiners, Adjectives (Comparative and Superlative), Adverbs.

Вокабулар

Вокабуларот кој се изучува е во опсег на основните теми и функции и во согласност со можностите на слушателите се проширува и изучува согласно темите кои опфаќаат Националности и земји, Лични информации и податоци, Храна и Пијалак, работи и предмети во градот, продавници и пазарење, патување и услуги, основни глаголи, бои, облека, димензии и начини на патување. Воглавно темите се семејство и семеен живот, хоби и занимливости, одмори, работа и професии, шопинг, слободни активности.

Јазични вештини

Читање:Се разработуваат кратки текстови кои отпочнуваат со претставување и понатаму низ програмата постапно се усложнуваат и ги охрабруваат слушателите преку нив да го збогатуваат својот вокабулар. Со кратките текстови слушателите читаат израз по израз и препознаваат познати имиња, зборови и основни фрази а по потреба го повторуваат читањето. Текстовите се едноставни известувања во највообичаени секојдневни ситуации.

Пишување: Слушателите во активностите на пишана продукција (пишување) оформуваат пишан текст што ќе биде примен од еден или повеќе читатели. Примери на пишани активности за ова ниво вклучуваат пополнување на формулари и прашалници, едноставни изолирани изрази и реченици на веќе дефинираните теми за себе како и за измислени луѓе, кратки електронски пораки, кратки статии за опис на места, опис на личности, пишување на разгледница, инструкции и писмо за резервација во хотел.

Слушање: Кај активностите на слушната рецепција (слушањето) корисникот на јазикот како слушател прима и обработува говорна порака произведена од еден или повеќе говорители. Активности на слушање на ова ниво опфаќаат: слушање за броеви – телефонски, разлика помеѓу 13 и 30, кратки инструкции, предлози, совети, опис на лица, навики и рутини, договори за одреден ден или датум, знаци. Од слушателите се очекува да разберат упатства што се упатени внимателно и бавно како и да ги следат истите на пример за снаоѓање во просторот.Согласно нивото задачите за слушање се кратки не изобилуваат со голем број на информации и од слушателот се бара општо разбирање на говорната порака а потоа и одредени конкретни информации добиени по пат на дадени –понудени опции за заокружување, пополнување, надополнување и одговор на прашања. 

Зборување: Слушателите вежбаат да зборуваат во рамки на различни теми, за себе, своето семејство, слободни активности, итн. За да ја усовршат оваа вештина слушателите работат во групи, индивидуално, во парови. Во активностите на говорната продукција (зборувањето) корисникот на јазикот произведува говорен текст што го примаат еден или повеќе слушатели. Примери на активности за ова ниво се зборување за себе, за своето семејство, за својата работа или работа или семејство на трета личност, за слободни активности и хоби, својот минат одмор и своите планирани активности. Овие активности може да опфатат читање на глас на пишан текст, зборување со помош на белешки или визуелни помагала, играње на извежбана улога –roleplay. Слушателот до крајот на обуката во однос на говорната интеракција и разбирање може да разбере секојдневни изрази што служат за задоволување на едноставни, конкретни потреби кои добронамерен соговорник му ги упатува директно, со јасен, бавен говор, со повторување. Може да разбере прашања и упатства што му се упатуваат бавно и внимателно, а може да следи икуси, едноставни упатства за снаоѓање во просторот.

Цел на наставата:

Цел на наставата за ова ниво е да се воведат слушателите да разберат и да користат познати секојдневни изрази и најосновни фрази во врска со задоволување на потреби од конкретен тип. Да можат да се претстават себеси и другите и можат да поставуваат и да одговараат на прашања околу лични детали од типот каде живеат, кои луѓе ги познаваат и нештата што ги имаат. Може да водат едноставен разговор под услов соговорникот да зборува бавно и јасно и да е подготвен да помогне. До крајот на нивото слушателите ќе можат да ги користат сегашно, идно и минато време и да владеат со определен вокабулар од 1500 зборови кој ќе варира во зависност од индивидуалните способности. Поединечните цели се дадени подетално во Прилогот кој следи каде се претставени преку фразата “CAN DO”, која појаснува која цел се постигнува со секој индивидуален час.  

Дополнителни информации:

Слушателите добиваат учебник и работна тетратка а исто така на секој час добиваат и дополнителни наставни материјали кои ги изготвува наставникот при подготовката на секој час посебно. Се користи ЦД на час, во одреден контекст се гледаат видео материјали, се користат и материјали од Интернет и од книгата за наставници. Слушателите изработуваат домашни задачи кои ги проверува наставникот.

По завршувањето на овој степен слушателите добиваат диплома која се издава врз основа на финален тест кој се состои од писмен и устен дел.

Joomla Templates. Copyright © 2005 ESP Skopje, All rights reserved. Please send questions and comments to the Webmaster